Дома Фудбал Англија Му „избегаа“ ли на Мурињо: Осамнаа фотографии од тандемот на Јунајтед кој синоќа лудуваше (Фото)

Му „избегаа“ ли на Мурињо: Осамнаа фотографии од тандемот на Јунајтед кој синоќа лудуваше (Фото)

Играчите на Манчестер Јунајтед знаеа синоќа да ја прослават победата над Евертон во рамки на петтото коло од англиската ПЛ.

Јунајтед на „Олд Трафорд“ го декласираше Евертон, и така продолжи да победува и остана на врвот на табелата заедно со градскиот ривал Манчестер Сити. Обата тима сега имаат по 12 бодови.

По дуелот, одредени играчи на Манчестер Јунајтед одлучија да се опуштат па тргнаа во ноќниот живот.

Британските таблоиди објавија фотографии од Антони Марсијал и Матео Дармијан како чекаат пред влезот на еден од ноќните клубови во градот.

Не е познато дали Жозе Мурињо им дозволил на своите играчи да излезат или индивидуалци ќе ги сносат последиците од оваа забава.

Познато е дека Португалецот е педантен и води сметка за се, па Марсијал и Дармијан би можеле да бидат изоставени од списокот за следниот меч на „Црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…