Дома Фудбал Му даваат милиони, а тој ги критикува: Тевез брутален кон Кинезите!

Му даваат милиони, а тој ги критикува: Тевез брутален кон Кинезите!

Аргетинскиот напаѓач Карлос Тевез од почетокот на оваа година настапува во кинеската лига каде стана еден од најплатените фудбалери во светот.

Иако многумина мислат дека Тевез поради големите пари кои ги заработува ќе зборува се најдобро за кинескиот фудбал, но Аргентинецот во својата последна изјава беше многу реален.

„Во Јужна Америка и Европа играчите учат да играат фудбал од детството, но тоа не е случај во Кина. Кинезите не се добри технички, а фудбалот е многу поинаков. Поради тоа сметам дека дури ни за 50 години кинескиот фудбал нема да биде во ранг на европскиот“, изјави Тевез.

Потсетуваме, Тевез во оваа сезона од кинеската Суперлига одигра 13 натпревари и постигна само 3 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…