Дома Фудбал Италија Морати: Можев Халанд да го донесам во Интер

Морати: Можев Халанд да го донесам во Интер

Гледајќи го како игра во дресот на Манчестер Сити сигурно дека секоја екипа би посакала да го има Ерлинг Халанд во своите редови, еден од тимовите кои има за што да жали со Халанд е италијански Интер.

Поранешниот газда на „Нероаѕурите“, Масимо Морати откри дека имал прилика да го доведе Халанд кога Норвежанецот имал 13 години во 2013 година. Спортскиот директор во Интер во тоа време, Марко Бранка го убедувал Морати дека треба да го доведе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Малку фалеше Марко Бранка да ме убеди да го доведеме Халанд. Дојде и ми кажа „претседателе, треба да го видите, имам еден посебен играч“. Тогаш можевме да го доведеме во Интер“, откри Морати.

Но, токму таа 2013 година Морати го продаде клубот на Ерик Тохир после 19 години на чело на италијанскиот гигант, па веројатно и не размислувал толку на иднината кога знаел дека заминува.

Прилика да заигра во Италија, Халанд имаше и во 2017 година кога Јувентус испрати понуда за него, а тој беше и гостин на „Алијанц стадионот“, гледаше еден натпревар, но и од тоа не испадна ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…