Дома Топ вести Мората заминува, Јувентус носи засилување од 100 милиони

Мората заминува, Јувентус носи засилување од 100 милиони

Јувентус минатото лето го донесе Алваро Мората на едногодишна позајмица од Атлетико Мадрид, а во договорот потои опција за откуп.

„Старата дама“ за позајмицата на Мората плати 10 милиони евра, но за целосен откуп ќе треба да плати уште 45 милиони евра, а во моментов не е спремна да ја искористи таа опција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството на Јувентус на лето најверојатно ќе го врати Мората во Атлетико, а примарна трансфер цел ќе биде Жоао Феликс.

Роналдо го сака својот сонародник и тоа му го порачал на претседателот Андреа Ањели.

„Бјанконерите“ сакаат да донесат нова ѕвезда во нападот, особено поради фактот што Пауло Дибала најверојатно ќе биде продаден.

Јувентус е спремен за Жоао Феликс да понуди 70 милиони евра, плус 30 милиони преку бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…