Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората кажа дека Душан Влаховиќ влијаел на неговата позиција во тимот, но и дека се надева на нов гол на Србинот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на зимскиот преоден рок се шпекулираше дека Шпанецот ќе се пресели во Барселона, но „Старата дама“ не дозволи таков трансфер.




„Не е важно колку бев блиску до трансфер. Разговарав со тренерот Алегри, а тој ми кажа какви идеи има. Ми објасни колку ќе биде важно доаѓањето на Душан за мене, а така и беше на крајот“, кажа Мората.




На прашањето на кој начин влијаел Влаховиќ на него, шпанскиот фудбалер даде краток одговор.




„Тој е фантастичен играч. Ни донесе само позитивни работи. Млад е и ќе има одлична кариера“, изјави Шпанецот.