Дома Фудбал Мончи: Со ВАР технологијата Рома и Баерн ќе играа во финалето

Мончи: Со ВАР технологијата Рома и Баерн ќе играа во финалето

Спортскиот директор на Рома, Мончи беше видно разочаран од елиминацијата на Рома во полуфиналето на ЛШ.

Волчицата во реваншот го победи Ливерпул со 4:2, но не успеа да го надокнади минусот од првиот натпревар на Енфилд – 5:2.

Мончи смета дека неговата екипа е оштетена за два недосудени пенали, како и дека во финалето на 26. мај во Киев доколку беше користена ВАР технологијата ќе играа Рома и Баерн.

„Се се’ менува. Примивме гол во првиот натпревар од офсајд, а вечерва не беа досудини два пенали, од кои еден беше и чист црвен картон.“ – изјави Мончи и додаде:

„Време е да го подигнеме својот глас, не само Рома, туку и Јувентус кој слично помина против Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал мора да го подигне својот глас бидејќи ова што го видовме вечерва е шокантно.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Торонто без плејоф, Филаделфија со јасна цел: победа за директен пласман

Торонто ги загуби шансите за плејофот, но неговото гостување има големо значење за Филадел…