Дома Фудбал Италија Мончи: Ди Франческо останува тренер на Рома

Мончи: Ди Франческо останува тренер на Рома

Спортскиот директор на Рома, Мончи, денеска отпатува во Бостон каде ќе се состане со претседателот на клубот Џејмс Палото.

Рома оваа сезона не игра најдобро, а како најголем кривец се посочува Ди Франческо. За тренерот на Волчицата се веруваше дека ќе добие отказ после натпреварот со Џенова, но очигледно челниците на клубот ќе му дадат дополнителна шанса.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со недели се шпекулира дека Ди Франческо ќе го напушти клубот, а како прва опција за негова замена се споменува Антонио Конте. Сепак, и покрај лошите резултати Мончи изјави дека Ди Франческо добил подршка од клубот и сигурно ќе остане на Олимпико.

„Нашето мислење за тренерот не е променето и тој ја има целосната подршка од клубот. Не можам да ви кажам како се чуствува, но можам да ви кажам дека сигурно останува тренер на Рома. Не го менувам толку лесно своето мислење за луѓето.“ – изјави Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…