Најдобриот индивидуалец во редовите на селекцијата на Србија со солзи го напушти теренот по финалето на Словенија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Богдан Богдановиќ го даде својот максимум, беше предводник на репрезентацијата која одигра уште едно финале и освои медал во меѓународно натпреварување.
Богдановќ расте од година во година, со Србија има медал од СП, Олимписки игри и Еврошампионат, а тоа што три сребра се во прашање не го менува фактот дека постигнал многу.
Момчето кое со Фенербахче ја зеде Европската титула покажа вечерва колку му значи националниот дрес, со солзи во очите.
Солзите се за луѓе, но овој млад спортист нема причина да ги троши со оглед на тоа дека неговото време допрва доаѓа и не се сомнева никој дека ќе следат трофеи за неговата селекција.