Познато е дека Италијанците секогаш големо внимание посветувале на одбраната, па поради тоа не треба да не зачудува тоа што италијанскиот шампион ја има најдобрата одбрана во 2018 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кога се споменуваат најдобрите одбрани секако дека се помислува и Атлетико Мадрид кој предводен од Диего Симеоне изгради тим кој се заоснова на гранитната одбрана.
Сепак Јувентус во 2018 година не примил гол на 22 натпревари што е за еден повеќе од шпанскиот претставник.
Зад Јувентус и Атлетико Мадрид, тимови со најдобра одбрна се Ливерпул и ПСЖ (19 примени погодоци, додека петти е Наполи со 18.
Јувентус и оваа година игра одлично, па така на 17 натпревари во Серија А италијанскиот шампион прими само осум погодоци, додека Интер и Наполи се зад нив според најдобрите одбрани со скоро двојно повеќе (14).