Дома Останати Тенис „Можам да го победам Ѓоковиќ, тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата“

„Можам да го победам Ѓоковиќ, тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата“

Во второто коло од Австралија Опен ќе се сретне против домашниот тенисер, Алексеј Попирин, а со новите правила Ѓоковиќ има два дена слободни по мечот против Хрватот Дино Прижмиќ.

Организаторот оваа година поради проблемите во минатото одлучи првиот грен-слем да започне порано и да трае подолго. Австралиецот смета дека тоа не е случајно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тенисерите мислам дека се подолени за одлуката турнирот да стартува в недела. Ѓоковиќ така доби ден плус за одмор, сигурен сум дека побарал да игра во недела. Тоа е што е“, смета Попирин.

Во кариерата Попирин на Австралија Опен најмногу стигнал до третата рунда, а сега смета дека има добри шанси да го победи.

„Веројатно е најдобриот на сите времиња, му се восхитувам. Но секогаш имам самодоверба кога влегувам во еден натпревар, знам дека можам да победам дури и ако на спротивната страна го имам Ѓоковиќ. Тој е само еден тенисер од другата страна на мрежата, така гледам на работите“, изјави младиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Во кариерата заработи над шест милиони долари, а сега извршила грабеж за 100.000 евра

Некогашната тенисерка Камила Џорџи сега се најде под обвинение дека извршила грабеж во вил…