Дома Македонски спорт Милевски: Со Ангеловски комуницираме само службено

Милевски: Со Ангеловски комуницираме само службено

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски призна дека со селекторот на сениорите Игор Ангеловски комуницира само службено и посочи дека имаат големи коцепски разлики.

Конкретно Милевски го посочи случајот со Дарко Чурлинов кого тој го смета за лидер на новата генерација, додека кај сениорите кога е повикан не добива или добива мала минутажа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со Ангеловски немаме некоја преголема соработка, комуницираме службено. Ние имаме големи концепциски разлики. Комуницираме во интерес на ФФМ и македонскиот фудбал. Јас не се согласувам со тоа Милевски да шета од една во друга селекција, а уште помалку за фудбалер кој треба да биде носител на оваа селекција, додека во А тимот би пополнил бројка или добие 5-10 минути. Според мене подобро е постојано да игра за У21 ако не е планирано да има поголема минутажа кај сенирите. Отворено побарав Дарко Чурлинов да биде дел само од оваа генерација затоа што тој е носител на играта“.

„Ќе кажам уште еднаш не сум за фудбалерите да шетаат по селекциите. Приоритет е А тимот ако надежите немаат квалификации, но приоритет е и еден млад фудбалер ако не добива шанса во А-тимот пда остане во својата генерација, особено ако е лидер на таа генерација. Никој нема бенефит од шетањето на играчите“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…