Италијанскиот гигант Милан после долги години ја заврши сезоната со финансиски плус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан изминатите години го промени начинот на работа, ги избалансира трошоците за плати, а значително ги зголеми приходите.
Денес на официјалното собрание на сопствениците клубот објави дека сезоната ја заврши со добивка од 6 милиони евра, што не се случило од 2007 година.
Тоа се должи на значително зголемување на приходите, најмногу од комерцијални спонзорства, но и од ТВ права како и од пласманот во Лигата на шампиони.
Ова е огромен успех за италијанскиот клуб, само за споредба, Јувентус ја заврши сезоната со минус од 125 милиони евра, а Интер со минус од 85 милиони евра.