Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Фелаини со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната, а двете страни се уште немаат постигнато согласност за продолжување на соработката.
Фелаини јавно изјави дека „црвените ѓаволи“ погрешиле што не му понудиле на време нов договор и дека сега е спремен да ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој има потреба од квалитетен играч за врска, па наскоро ќе испрати понуда до неговите агенти.
„Тутоспорт“ пренесува дека инетерсот на „росонерите“ е голем за Белгиецот и дека понудата ќе биде финансиски одлична, со оглед на фактот што фудбалерот можат да го добијат без обештетување.