Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, па веќе спремија нов договор.

Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува во наредните денови да стави потпис на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Роси: Не е Аталанта виновна што ние нема да играме во Лигата на шампионите

Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси истакна дека не ја гледа Аталанта како виновна што негов…