Дома Топ вести Милан спреми 100 милиони за четири засилувања

Милан спреми 100 милиони за четири засилувања

Милан ја освои шампионската титула, а потоа доби и нови сопственици, па сака значително да го засили тимот за следната сезона.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека приоритет на „росонерите“ се четири засилувања, за кои клубот издвоил буџет од 100 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е во напредни преговори со Лил за трансферите на Ренато Санчез и Свен Ботман, кои треба да бидат замена за Ромањоли и Кеси.

Што се однесува до нападот договорен е трансферот на Дивок Ориги, кој доаѓа како слободен играч од Ливерпул.

Милан сака да донесе засилуавање на десната крилна позиција, и офанзивен играч за врска, а најголема желба е ѕвездата на Бриж, Чарлс де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти. Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој веќе има договор со „росонерите“, а неговата цена изнесува 35 милиони евра.

За крилната позиција најголема желба е Заниоло од Рома, а како алтернатива се споменува холандскиот репрезентативец Ноа Ланг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…