Дома Фудбал Милан почна преговори со Конте

Милан почна преговори со Конте

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се раздели со тренерот Стефано Пиоли.

Во изминатиот период многу имиња се поврзуваа со „росонерите“, а некои медиуми тврдеа дека најблиску до „Сан Сиро“ со Консеисао и Лопетеги.

Сепак, последните информации говорат дека Милан се насочува кон Антонио Конте, кој е без ангажман и сака да седне на кормилото на „росонерите“.

Челниците на Милан утре ќе имаат средба со агентите на Конте, откако тренерот веќе имал раазговор со Ибрахимовиќ и  потврдил дека е подготвен да го преземе тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …