Дома Фудбал Италија Милан подготвува план: На лето тргнува во фудбалерот на Барселона

Милан подготвува план: На лето тргнува во фудбалерот на Барселона

Росонерите ги погодија засилувањата оваа зима. За сега Пијатек и Пакета покажаа одлични игри, а Милан веќе се подготвува и за летниот преоден рок.

Ако им веруваме на шпекулациите Милан на лето е спремен да тргне по младиот фудбалер на Барселона, Марк Кукурела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реномираниот Goal.com пренесува дека челниците на Милан сериозно се заинтересирани за 20-годишниот Кукурела, кој оваа сезона е на позајмица во Еибар.

Кукурела пред позајмицата во Еибар играше за Барселона Б, а наводно во еден период бил блиску до премин во првиот тим.

За сега не е познато дали Барса е спремна да го продаде или само да го испрати на нова позајмица, но јасно е дека Милан го сака во своите редови.

Инаку, Марк Кукурела игра на позицијата лев бек, но може да игра и на офанзивната крилна позиција, па може да биде многу корисен за Џенаро Гатусо.

Оваа сезона одигра 22 натпревари за Еибар во Ла Лига и запиша еден гол и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куман објави список од 30 фудбалери на Холандија за Европското првенство

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман го објави списокот на фудб…