Дома Фудбал Италија Милан најави: Постигнат е договор со Ибрахимовиќ!

Милан најави: Постигнат е договор со Ибрахимовиќ!

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан на почетокот на 2020 година и тоа беше полн погодок за „росонерите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако веќе има 39 години Ибрахимовиќ и понатаму игра во неверојатна форма и е еден од најдобрите играчи на Милан. Прво потпиша договор на половина година, но откако беше одличен во вториот дел од сезоната клубот му понуди соработка и за оваа сезона, Златан прифати.

Шведскиот напаѓач и сезонава е одличен, а доказ за тоа е и неговото враќање во репрезентацијата на Шведска.

Ибрахимовиќ има договор до крајот на сезоната, но „росонерите“ веќе му понудиле нов договор до летото 2022 година.

Како што стојат работите се е завршено, тоа го пренесуваат најголемите италијански медиуми, а и последната објава на Милан на социјалните мрежи е најава за такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moдриќ е пред заминување од Милан, познато и каде може да продолжи!

Навивачите на Милан си замислуваа различен крај. Можеби почесниот круг околу “Сан Си…