Дома Фудбал Италија Милан му нуди нов договор на Биглија, но под еден услов

Милан му нуди нов договор на Биглија, но под еден услов

Раководството на Милан е спремно да му предложи продолжување на договорот на Лукас Биглија, но само доколку Аргентинецот се согласи на помала плата, пренесува „Газета дело Спорт“.

Весникот пренесува дека агентот на играчот, Енцо Монтепаоне синоќа пристигнал во Милано, па се очекува денес да има средба со раководството на „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот договор на Биглиа истекува на крајот на следната сезона, а во моментов неговата плата изнесува 3,5 милиони евра по сезона. Медиумите тврдат дека и покар силниот интерес кон него од страна на Бока Јуниорс и Марсеј, Аргентинецот сака да остане во Милано.

33-годишниот играч за врска оваа сезона одигра само 14 меча бидејќи долго време паузираше поради повреда, а во последно време го загуби местото во стартниот тим од Бакајоко.

Милан е спремен да му предложи нов тригодишен договор, но со помала плата, па останува да видиме дали Биглија ќе се согласи на тоа. Во спротивно, ако не стави потпис на нов договор ова лето ќе го напушти „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти пред вечерашниот натпревар: Малкумина од вас новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес денес

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анче…