Дома Фудбал Италија Милан го обвини судијата за елиминацијата: Правеше скандалозни грешки!

Милан го обвини судијата за елиминацијата: Правеше скандалозни грешки!

Милан синоќа доживеа срамна елиминација од Лига Европа, откако со 3:1 беше поразен од Олимпијакос во Атина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После поразот директорот Леонардо директно го обвини судијата за елиминацијата, бидејќи смета дека пеналот за домаќините беше непостоечки.

„Елиминирани сме и сега мораме да направиме анализа. Сепак, мора да се каже дека некои судиски одлуки беа навистина скандалозни. Пеналот воопшто не постоеше, а при првиот гол акцијата мораше да биде прекината. Тешко е да се прифати вакво судење и елиминација од Европа во време кога се користи ВАР“, изјави Леонардо.

„Притоа, атмосферата беше исклучително лоша. Публиката правеше се за да им смета на играчите. На теренот гледавме предмети и по две топки. Судијата мораше да реагира на тоа“, додаде директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…