Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс е голема желба на италијанскиот гигант Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Милан ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе биде наследник на Жиру, а најновото име на списокот е токму Бонифејс.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра.
Бонифејс постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари за Леверкузен оваа сезона.