Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Тео Хернандес со нов договор

Милан го „блиндира“ Тео Хернандес со нов договор

Милан сака да го задржи Тео Хернандес и наскоро ќе му понуди нов, побогат договор на Французинот.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на мета на многу европски гиганти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2026 година, но Милан е спремен да му понуди нов договор со значително повисока плата.

Тео е еден од најважните играчи во тимот и моментално заработува 4 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе се израмни со Рафаел Леао со плата од 7 милиони евра годишно.

Французинот е среќен во Милано и негов приоритет е останување на „Сан Сиро“, па е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тен Хаг заминува, Јунајтед има листа од тројца тренери

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат мед…