Дома Фудбал Италија Милан ги намали годишните загуби за 30%

Милан ги намали годишните загуби за 30%

Италијанскиот шампион Милан ги намали загубите благодарение на зголемените комерцијални приходи, но и голема дисциплина во расходите за плати на фудбалерите.

Раководството на миланскиот гигант потпиша многу нови спонозриски договори, а во наредните денови се очекува да го обнови договорот со „Емирејтс“ за три пати поголема сума.

Милан финансиската година ја заврши со загуба од 66 милиони евра, што е за 30% помалку од минатата година. Притоа, „росонерите“ ги зголемиле општите приходи за 14%.

„Се наоѓаме во период на брз комерцијален растеж. Потпишавме многу нови договори и приходите се зголемија. Во наредните денови ќе го обновиме договорот со Емирејтс, кој додатно ќе ги зголеми приходите“, изјави извршниот директор Газидис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …