Дома Фудбал Италија Милан во недела ќе го води човек кој е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ

Милан во недела ќе го води човек кој е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ

Фудбалерите на Милан во недела на гости ќе го играат дербито од осмото коло во Серија А против Наполи.

„Росонерите“ се во проблеми бидејќи тренерот Стефано Пиоли е заразен со коронавирусот, а утрово позитивен беше и неговиот помошник Џакомо Мурел кој ги водеше тренинзите на Милан во претходните денови.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли скоро сигурно ќе го пропушти мечот со Наполи, а дополнителен удар е што ниту Мурел не ќе може да биде на клупата.

„Газета дело Спорт“ открива дека Пиоло пронашол ново решение и тренер на Милан ќе биде неговиот втор помошник Даниеле Бонера.

Интересно е што поранешниот фудбалер на Милан е само неколку месеци постар од Ибрахимовиќ кој е главен играч на Милан сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…