Дома Топ вести Милан бара дефанзивец – ова е првата желба

Милан бара дефанзивец – ова е првата желба

Италијанскиот гигант Милан на лето повторно ќе прави големи промени во тимот, а најверојатно на кормилото на „росонерите“ ќе седне германскиот стратег Ралф Рангник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно генерланиот директор на Милан, Иван Газидис веќе има договор со Рангник и веќе ја планираат трансфер кампањата за следната сезона.

Доаѓањето на Рангник најверојатно ќе значи заминување на Златан Ибрахимовиќ, а поради проблемите со новиот договор голема е веројатноста да биде продаден и Џиџо Донарума.

Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет на Милан на лето ќе биде да ја засили одбраната, а најголема желба на „росонерите“ е младиот дефанзивец на Челзи, Андреас Кристенсен. Овој 23-годишен фудбалер има договор со Челзи до 2022 година, но најверојатно „сините“ ќе дозволат да замине ова лето.

Како алтернатива на Кристенсен се споменува младиот дефанзивец на Марсеј, Камара, за кого се заинтересирани многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…