МЗТ Скопје не успеа да се спаси од пораз па вечерва го претрпе првиот во рамки на АБА регионалната лига на домашен терен од екипата на Задар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Задар славеше со 85:80. Последната минута беше пресудна, откако гостите славеа постигнувајќи седум поени.
Мечот беше неизвесен до самиот крај. Момците од „Јане Сандански“ одлично му парираа на противникот. Она што можеби во финишот ја направи разликата беше одличната одбрана на Задар, но и загубените топки на Аеродромци.
Во таборот на МЗТ најпрецизен беше Лалиќ со 23 постигнати поени.