Дома Фудбал Останато Меси: Син ми ме прашуваше зошто ме нема на насловната на ПЕС

Меси: Син ми ме прашуваше зошто ме нема на насловната на ПЕС

Најновата верзија на ПЕС излегува на 10-ти септември, а на насловната страна на оваа популарна фудбалска симулација ќе биде вратен Лионел Меси кој последен беше во 2010 година.

За официјалниот сајт на Барселона Меси зборуваше за враќањето на насловната страна на ПЕС 2020.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Како се чуствувам што ќе бидам повторно на насловната на ПЕС?“, гласеше едно од прашањата кое Меси го доби на самиот почеток во видеото.

„Многу сум среќен што ќе бидам на насловната. Кога бев дете со нетрпение чекав да видам кој ќе биде на насловната. Сега кога и мојот син ја играта играта, возбуден сум што оваа година ќе бидам јас. Дури и неколку пати ме прашуваше зошто не сум јас на насловната, затоа сум среќен што ќе се најдам повторно“, изјави Меси.

Освен Меси дел од новата верзија на ПЕС ќе биде и Андрес Иниеста. Иниеста како советник помогнал играта да биде што повеќе веродостојна. Целото најавно видео за ПЕС 2020 е преполно со играчи на Барселона. Во оваа верзија се најавени многу новитети.

https://youtu.be/fK3_uf8FLHc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…