Дома Фудбал Меси проговори за конфликтот со Абидал: Се чувствував нападнато

Меси проговори за конфликтот со Абидал: Се чувствував нападнато

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси конечно јавно проговори за конфликтот кој го имаше со спортскиот директор Ерик Абидал.

Абидал имаше конфликт со првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси кој му замери што јавно кажа дека играчите на тимот биле одговорни за смената на Валверде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам што се случи со него и зошто го рече тоа. Но, одговорив на неговите зборови затоа што се чувствував нападнато. Премногу се зборува дека играчите отпуштаат и назначуваат тренери, носат играчи во клубот. Ова е особено насочено кон мене. Се мисли дека имам големо влијание и донесувам одлуки. Се чувствував непријатно за тоа што тоа го кажа спортскиот директор“, изјави Меси.

„Неговата изјава прво ги навреди сите фудбалери и затоа му реков да даде конкретни имиња и да каже на кого мисли. На лично ниво, исто така ме засегна. Не е точно дека јас одлучувам за назначување и отпуштање на тренерите“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…