Дома Фудбал Лига на шампиони Меси пред почетокот на ЛШ: Имаме комплексна група!

Меси пред почетокот на ЛШ: Имаме комплексна група!

Капитенот на Барселона, Лионел Меси пред натпреварот од првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, смета дека неговиот тим се наоѓа во тешка група.

Меси се опорави од повредата и се најде во составот за вечерашниот натпревар меѓутоа тешко е да се очекува дека Аргентинецот ќе го видиме во стартниот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секоја година во Лигата на шампионите има рамномерен биланс на моќ, иако понекогаш е потешко да се победи. Во принцип, силите на турнирот се распределуваат подеднакво. Само најдобрите го минуваат својот пат, што го прави овој турнир посебен“, истакна Меси.

„Ја добивме Борусија Дортмунд со која никогаш не игравме за време на мојот престој во клубот. Го видов стадионот на Дортмунд и сакав да играм таму заради навивачите и идентитетот на клубот. Го добивме и Интер. Пред една година игравме со него на патот, но тој натпревар го пропуштив поради повреда. Групата е комплексна, но тоа ја прави поинтересна нашата задача“, додаде капитенот на Каталонците.

Барселона вечерва од 21 часот и гостува на Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…