Дома Фудбал Меси почнува со тренинзи во Барса, но не сака средба со Бартомеу

Меси почнува со тренинзи во Барса, но не сака средба со Бартомеу

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот следните денови, тврди „Марка“.

Аргентинецот ќе помине задолжителен ПСР тест во недела, а потоа ќе започне со тренинзи во понеделник.

Меси се уште има договор со Барселона и нормално ќе ги исполнува своите задолженија со решавање на неговата ситуација.

Аргентинецот официјално побара од клубот раскинување на договорот и сака да ја напушти Барселона.

Клубот тврди дека рокот на клаузулата со која Меси може да го раскине договорот веќе истекол, па во моментов на случајот работат адвокатите на клубот и играчот.

Меси е категоричен дека не сака средба со претседателот Бартомеу и уште еднаш му потврдил на клубот дека неговата одлука е конечна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не го пушта Страхиња и му подготвува одлична понуда

Познатиот Милан му понуди на српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ нов договор со дво…