Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси: Од овој Мундијал зависи дали ќе останам во репрезентацијата!

Меси: Од овој Мундијал зависи дали ќе останам во репрезентацијата!

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси за шпанските медиуми потврди дека останувањето во репрезентацијата ќе зависи од резултатите на актуелниот Мундијал.

Меси еднаш го објави повлекувањето од репрезентацијата, во 2016 после загубеното финале во Копа Америка. Сепак, набргу потоа го смени мислењето и се врати во националниот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Моето целосно останување зависи од тоа колку далеку ќе стигнеме и на каков начин ќе го завршиме турнирот. Веќе изгубивме три последователни финалиња, што доведе до некои многу тешки моменти за нас, особено од страна на медиумите. Најмногу од медиумите во Аргентина, бидејќи таму има многу специфичен поглед на тоа што значи да се стигне до финалето и што да го освоиш“, рече Меси.

Аргентина го загуби во 2014 година финалето на Светското првенство по продолженија од Германија, а во 2015 и 2016 година загуби од Чиле во Копа Америка после изведување на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…