Дома Фудбал Италија Мертенс: Многу му верувам на Елмас, но некогаш знае да „заспие“

Мертенс: Многу му верувам на Елмас, но некогаш знае да „заспие“

Eлиф Елмас во Наполи стана добар пријател со Дрис Мертес, а македонскиот репрезентативец во последниот период игра одличен фудбал. Во центарот на вниманието се најде и минатиот викенд кога му донесе победа на Наполи против Милан.

„Му верувам на Елмас, но некогаш морам да го разбудам затоа што тој знае да заспие. Кога знаете колку е силен морате да се потрудите да го разбудите. Мора постојат да биде буден. Оваа година е навистина многу добар, тренерот исто така му верува, а тоа му дава самодоверба. Сепак, не сум задолжен само јас да го будам, тука се Кулибали и Инисње кои го прават истото“, изјави Мертенс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Наполи Мертенс пристигна во 2013 година и од тогаш одигра повеќе од 300 натпревари во дресот на овој клуб и стана најдобар стрелец на сите времиња поминувајќи го Марек Хамшик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…