Евертон и Ливерпул не го оправдаа епитетот за „дерби на колото“ и одиграа реми без голови.
Без публика и атмосфера дербито не донесе возбудувања, а играчите на двата тима се потрудија брзо да се заборави.
Ливерпул од самиот старт го контролираше мечот, беше поопасен, но „црвените“ не успеаа да постигнат гол.
Првата стопостотна прилика ја видовме дури во 80-та минута кога Калверт Левин имаше одлична шанса, но Алисон не дозволи да биде совладан.