Дома Фудбал Останато Мбапе: Нејмар? Ќе ви го дадам бројот и одете зборувајте со него

Мбапе: Нејмар? Ќе ви го дадам бројот и одете зборувајте со него

Фудбалерите на ПСЖ вчера во Париз на свој терен го совладаа Нимес со 3:0 во првото коло од новата сезона во француската Лига 1.

Парижаните на најдобар начин ја започнаа новата сезона и патот кон одбрана на титулата. Но, атмосферата на трибините не беше баш најдобра бидејќи навивачите на францускиот шампион испраќаа навреди кон Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, а навивачите на овој клуб му порачаа дека повеќе не заслужува да го носи дресот на нивниот клуб.

Јасно е дека поради Нејмар ситуацијата во клубот не е баш најдобра. Бразилецот е главна тема дури и кога неговите соиграчи даваат изјави како што вчера беше случај со Килијан Мбапе.

Напаѓачот на ПСЖ не беше расположен да зборува за ситуацијата на Нејмар.

„Ќе видиме што ќе биде на крајот, но сигурно нема да бидеме ист тим без него. Ние ќе продолжиме да даваме се од себе и тоа е тоа. Дали сакам да остане? Па, веќе одговорив на тоа. Одете и зборувајте со него, ќе ви го дадам неговиот број“, одговори Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…