Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе и Меси и втор натпревар не му дадоа гол на Баерн: ПСЖ уште ќе си чека ЛШ! 🎥

Мбапе и Меси и втор натпревар не му дадоа гол на Баерн: ПСЖ уште ќе си чека ЛШ! 🎥

Скапиот тим на ПСЖ уште ќе чека на толку посакуваната титула во Лигата на шампионите за која шеиците од своето доаѓање потрошија и над милијарда евра. Вечерва „светците“ кои беа предводени од Мбапе и Меси повторно изгубија од Баерн со 1:0 како и во првиот натпревар во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ во Минхен допатува ослабен и без Нејмар, сепак тука беа Мбапе и Меси, но и со нив клубот од Париз во два натпревари не постигна гол против Баерн. За погодок ПСЖ имаше голема прилика во првото полувреме кога Де Лихт интервенираше од гол линијата.

Имаа иницијатива гостите во торото полувреме, меѓутоа реализацијата остана и Баерн успеа да се одбрани.

Во 61-та минута Чупо Мотинг стрелаше по асистенција на Горецка, претходно голем кикс направи Марко Верати кој ја изгуби топката пред својот гол.Чупо Мотинг ја тресеше мрежата и претходно, но тој гол по реакција на ВАР беше поништен.

Конечните 2:0 во финишот ги постави Серж Гнабри откако се најде во ситуација „еден на еден“ со Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…