Дома Топ вести Мбапе е заборавен, Реал спреми 120 милиони за друг шампион

Мбапе е заборавен, Реал спреми 120 милиони за друг шампион

Реал Мадрид ја загуби битката за потписот на Килијан Мбапе и сега ќе се насочи кон ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување, но тешко дека ќе може да одолее на понудта на Реал Мадрид.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Реал веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и спремил понуда од 120 милиони евра.

Леао има договор со Милан до 2024 година и откупна клаузула од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…