Фудбалерите на Ливерпул вечерва доживеаа пораз пред преполната „Маракана“ против Црвена Звезда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените“ во рамките од четврото коло од групната фаза од Лигата на шампионите беа поразени од Црвена Звезда со резултат 2:0, што воедно е една од најголемите сензации во последно време во ова натпреварување.
Изненадувачкиот пораз на Ливерпул го прокоментира англискиот поранешен фудбалер, Мајкл Овен. Според Овен одлучувачкиот момент се случил во 17-тата минута кога Даниел Стариџ пропушти неверојатна прилика.
„Ливерпул го контролираше натпреварот во првите 20-30 минути. На крајот се одлучи промашувањето на Стариџ. Да ја искористеше таа прилика. Ливерпул сигурно не би го изгубил натпреварот“, изјави Овен кој самиот остави голема трага на „Енфилд“.
https://youtu.be/9CzGOm3iN7U