Екипата на Манчестер Јунајтед вечерва во рамки на Премиер лигата гостуваше кај Кристал Палас каде во самиот финиш успеа да дојде до трите бода славејќи со 2:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, резултатот го отворија домашните преку Таунсенд во 11. минута, по што се замина со ваков резултат на полувреме.
Во вториот дел Кристал Палас успеа да го зголеми водството, кога Ван Ахолт во 48. минута беше прецизен во противничкиот гол, а потоа Манчестер Јунајтед се разбуди.
Во 55. минута Смолинг го намали водството, а во 76. минута Лукаку успеа да го израмни резултатот.
И кога сите мислеа дека резултатот ќе остане непроменет, Матиќ во 92. минута направи пресврт за нови три бода на „Црвените ѓаволи“.