Дома Фудбал Останато Маскерано откри зошто ја напуштил Барселона

Маскерано откри зошто ја напуштил Барселона

Аргентинскиот ветеран Хавиер Маскерано ја откри причината поради која ја напушти Барселона оваа зима и започна нова авантура во кинеската Суперлига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарниот Аргентинец беше еден од најважните играчи во успехот на Каталонците во последните години, а сега ќе настапува за кинескиот Хебеи.

Маскерано има голема желба да се најде и на списокот на Аргентина за Мундијалот во Русија.

„Одлучив да се преселам во Кина бидејќи конечно можам да играм онаму каде што најмногу сакам, на средината на теренот“, изјави Аргентинецот.

Да потсетиме, тој во текот на кариерата во Барселона беше еден од фудбалерите кои Пеп Гвардиола ги врати во последната линијата, најмногу поради тоа што позицијата последен играч за врска беше резервирана за Серхио Бускетс.

Треба да се истакне и дека самиот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли изјави би сметал на Маскерано доколку бидејќи стандарден во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарен дрес на Пелес продаден за речиси 5 милиони долари (Фото)

Дресот кој Пеле го носеше во финалето на Светското првенство 1958 година е продаден за 4,9…