Дома Фудбал Италија Марчело Липи: Јувентус е создаден да освојува титули, а Наполи да игра убав фудбал

Марчело Липи: Јувентус е создаден да освојува титули, а Наполи да игра убав фудбал

lipi

Голем број фудбалски италијански стручњаци оваа сезона го искажуваат своето мислење за тоа дали Наполи оваа сезона конечно може да ја прекине доминацијата на Јувентус.

Свое мислење на оваа тема даде и еден од најголемите, Марчело Липи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи го игра најубавиот фудбал и тоа му е јасно и на Липи, но сепак според него титулата повторно ќе заврши во Торино.

„Јуве е создаден да освојува титули, а Наполи да игра убав фудбал. Предноста на Јувентус е што Алегри има посилен карактер, подолга клупа, повеќе опции како да игра, тука и нивната шампионска ДНК. За Сари проблем може да биде премореноста, ова е нивна најдобра шанса, не знам дали повторно би биле во ваква позиција“, изјави Липи за италијанските медиуми.

Свое мислење за сегашната ситуација даде и фудбалерот кој во овој преоден рок премина од Наполи во Киево, а пред неколку години го носеше и дресот на Јувентус, Емануеле Џакерини.

„Сари има проблем со осносот. Во Наполи има играчи кои се привилегирани, тоа се 14-15. Со таков став не се освојуваат титули. Не е добро кога во тимот имате фудбалери кои се чуствуваат отфрлени. Јас многу пати се прашував дали проблемот е во мене, но забележав дека не сум само јас незадоволен“, изјави Џакерини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…