Дома Топ вести „Марка“: На играчите на Реал им пречи третманот кој Рамос го има од клубот

„Марка“: На играчите на Реал им пречи третманот кој Рамос го има од клубот

ramos

Кристиано Роналдо го напушти Реал Мадрид, па Серхио Рамос сега е еден од главните лидери на овој тим.

Рамос веќе неколку години наназад во Реал заедно со Роналдо ја има уогата на лидер. Меѓутоа, начинот на кој клубот се однесува кон Рамос, наводно им пречи на соиграчите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Марка“, веќе втора година во низа Реал Мадрид му дозволува подолг одмор на Рамос без оглед на што Шпанија настапот на Светското првенство го заврши во 1/8 финалето.

За разлика од стоперот, дел од играчите кои подолго останаа во Русија мораа веднаш да се вратат во клубот.

Иако со Шпанија на Светското првенство покрај Рамос, играа Иско, Начо, Асенсио и Васкез, тие мораа да се вратат до крајот на јули, но тоа не важеше и за Рамос кој во клубот пристигна неколку дена подоцна.

Одредени играчи наводно веќе имале разговор и му соопштиле на Лопатеги дека и покрај тоа што е капитен, не е во ред да има такви привилегии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…