Дома Фудбал „Марка“: Меси без Суарез е тажен и осамен

„Марка“: Меси без Суарез е тажен и осамен

„Марка“ пишува дека Лионел Меси е тажен и осамен после тешката повреда на соиграчот и пријател, Луис Суарез.

Суарез и Меси како што е познато одлично сработуваа и тие се заслужни за 70% од головите на Барселона откако Уругваецот потпиша за Каталонците во 2014 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси оваа сезона не им асистираше на Осман Дембеле, Ансу Фати и Карлес Перез, ниту пак тие му асистираа на него. На Антоан Гризман му асистираше два пати, а на Суарез четири пати. Очигледно е дека Меси најдобра соработка со Уругваецот.

„Марка“ додава дека проблемите се многу подлабоки од она што се случува на теренот. Суарез и Меси се соседи и заедно одат на натпреварите и тренинзите. Нивните семејства интезивно се дружат надвор од терените, па поради тоа отсуството на Уругваецот од четири месеци е тежок удар за Аргентинецот.

Шпанците потсетуваат и на изјава на Гвардиола од пред осум години.

„Се надевам дека на Лео нема да му стане досадно и клубот ќе го опкружува со адекватни соиграчи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…