Дома Останати Мари со победа во Париз го зачини првото место!

Мари со победа во Париз го зачини првото место!

Британскиот тенисер, Енди Мари е победник на АТП турнирот во Париз, откако по 2 часа и 19 минути го совлада Џон Иснер со 6-3, 6-7/4, 6-4.

Енди Мари со освојување на турнирот во Париз ја потврди првата позиција на АТП ранг листата.Со самиот влез во финалето Мари го симна Новак Ѓоковиќ од врвот и стана рекет број еден во светот, а денешната победа над Џон Иснер е само уште еден трофеј на неговото конто.

Мари првиот сет го доби со 6-3, Иснер кој играше одличен тенис во Париз го освои вториот сет по тај-брејк. Во третиот повторно со еден брејк, Британецот победи со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тежок пат за Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ се подготвува за предизвиците на Мастерсот во Шангај, каде што го чекаат сер…