Дома Фудбал Останато Манчини кандидат за нов тренер на ПСЖ

Манчини кандидат за нов тренер на ПСЖ

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини е еден од кандидатите за тренерското столче во ПСЖ.

ПСЖ оваа сезона повторно не успеа да дојде до трофејот во ЛШ и беше елиминиран во раната фаза, па раководството сака да го смени Галтие на крајот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најсериозните кандидати за 58-годишниот Италијанец, кој веќе 5 години ја води репрезентацијата и го освои Европското првенство.

ПСЖ сака да донесе искусен стратег со реноме, а Манчини во кариерата освојуваше трофеи со Манчестер Сити, Интер и Зенит.

Манчини има договор со Италијанската федерација, но сигурно нема да може да ја одбие понудата од ПСЖ.

Како алтернатива се споменува и Мурињо, кој има договор со Рома, но би сакал да се пресели во Париз.

Коментари
  • Готово: Италија избра наследник на Манчини!

    Лучијано Спалети ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија откако официјално …
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…