Дома Фудбал Репрезентации Манчини во репрезентацијата ќе повика фудбалер кој игра за Бока Јуниорс

Манчини во репрезентацијата ќе повика фудбалер кој игра за Бока Јуниорс

Италијанските медиуми најавуваат интересен потег на селекторот Роберто Манчини, имено според најавите за мартовските квалификации Манчини ќе повика фудбалер на Бока Јуниорс.

Станува збор за 23-годишниот Матео Ретеги кој го носи дресот на аргентинскиот гигант и кој има италијанско потекло, па може да го носи дресот и на „Аѕурите“. Ретеги е роден во Сан Лоренци, а Манчини е спремен да ја искористи приликата и да му даде шанса во квалификациските натпревари кои следат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Ретеги прифатил даигра за Италија и за тоа веќе ја известил аргентинската федерација.

Ќе потсетиме, Италија е со Македонија во групата за мундијалските квалификации, а тука се уште Англија, Украина и Малта. Во првите два натпревар во овој циклус Италија ќе игра со Англија и Малта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…