Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Бенфика

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Бенфика

Манчестер Јунајтед сака да го доведе напаѓачот на Бенфика, Гонзало Рамос, кој има одлична сезона.

21-годишниот Португалец оваа сезона на 36 меча за Бенфика во сите натпреварувања постигна 24 гола и 10 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Притоа, одигра одлично на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и Португалецот е една од најголемите желби на Те Хаг.

Меѓутоа, Бенфика нема лесно да се откаже од својата ѕвезда бидејќи Рамос има долг договор и откупна клаузула од 120 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат преку преговори да ја намалат таа сума и во моментов се спремни да понудат 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…