Преговорите помеѓу Челзи и Мејсон Маунт за продолжување на договорот се во застој, а таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции.
24-годишниот играч за врска, кој две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, е еден од најмалку платените фудбалери на „Стенфорд Бриџ“.
Тој настојува на значително зголемување на платата како неговите колеги од репрезентацијата, односно 200.000 фунти неделно, а Челиз му нуди значително помалку.
Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го „украде“ Англичанецот од големиот ривал.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања, а Челзи ќе мора да го продаде бидејќи Маунт на лето влегува во последната година од договорот.