Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и нуди спектакуларна трампа на Барселона

Манчестер Јунајтед и нуди спектакуларна трампа на Барселона

Џејдон Санчо е во потрага по нов клуб откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па сигурно ќе ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед исто така сака да се ослободи од Санчо и е спремен да и понуди интересна трампа на Барселона.

Клубот од Олд Трафорд сака на Камп Ноу да го испрати Џејдон Санчо, а за возврат да го добие Рафиња, кој не ги оправда очекувањата во Барса иако беше платен 60 милиони евра.

Барселона е заинтересирана за Санчо, па останува да се види дали ќе се согласи на ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Феликс во проблем: Во Барселона е непотребен, а во Атлетико непожелен

Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го к…