Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетеларе, пренесуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Де Кетеларе пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.
Милан го испрати на позајмица во Аталанта, каде Де Кетеларе оваа сезона пружа одлични партии.
Белгиецот покажа зошто важи за голем талент, па го привлече вниманието на англиските клубови.
Аталанта има опција да го откупи за 26 милиони евра, а споменатите клубови се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис.