Дома Фудбал Италија Малдини: Милан сега е вистински тим!

Малдини: Милан сега е вистински тим!

Живата легенда на Милан, Паоло Малдини го прокоментира претстојното дерби со Интер, кој на програмата е утре на „Сан Сиро“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан и Интер ќе се соочат еден против друг во 190-то „Дерби дела Мадонина“ во Серија А, а вкупно имаат одиграно 291 средби меѓу себе во сите натпреварувања.

„Одиграв многу дерби дуели на различни начини, бидејќи поминав различни години од својот живот во тимот. Кога имав 16 или 17 години, емоциите може да имаа влијание на моето претставување. Кога си меѓу 30 и 35 години, се чувствуваш посигурен и уживаш многу повеќе. Претстојното дерби ќе биде доста деликатна средба. Најмногу за Интер, кој влегува во дуелот во многу лоша форма“, изјави легендарниот дефанзивец.

„Милан ја започна сезоната многу лошо поради многуте трансфери и промената на менаџментот во клубот. Конечно тие покажаа дека се вистински тим и дури можат да веруваат во тоа, дека ќе завршат во првата четворка“, заклучи Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Мајкл Џордан испрати порака до Гвардиола. Пеп: Немав поим дека знае за мене

ПЕП ГВАРДИОЛА се збогуваше од Манчестер Сити по десет години како водечки тренер на тимот,…